Азил за екс претседателот на Перу
Поранешниот претседател на Перу Алан Гарсија побара азил во дипломатската мисија на Уругвај во Лима неколку часа откако судот му го одзеде пасошот во рамките на истрагата за корупција, соопшти министерството за надворешни работи на Перу. Тој е обвинет дека примил мито од една бразилска градежна компанија.