Екс претседателот на Перу Гарсија побара азил во Уругвај
Поранешниот претседател на Перу Алан Гарсија побара азил во дипломатската мисија на Уругвај во Лима неколку часа откако судот му го одзеде пасошот во рамки на истрагата за корупција, соопшти министерството за надворешни работи на Перу. Судот во Лима претходно му забрани на Гарсија да ја напушти земјата во наредните 18 месеци додека трае истрагата за наводите дека примил мито од бразилската градежна компанија Одебрехт. Оваа компанија призна дека дала скоро 800 милиони долари мито на официјални претставници низ Латинска Америка за да добие големи инфраструктурни проекти. Поради овој скандал се упасени многу политичари, највеќе во Бразил и Перу.