САД и Украина во борба против руската агресија
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека Украина нема поголем пријател од САД во борбата против руската агресија. Помпео ова го изјави по состанокот со украинскиот министер за надворешни работи, Павло Климкин, во Вашингтон на 16 ноември.
Помпео рече дека САД никогаш нема да го прифатат обидот на Русија за анексија на Крим и дека Русија ќе сноси последици се додека не ја врати контролата на полуостровот.
Русија го анектираше Крим во март 2014 година еден месец пред да почне да им помага на сепаратистите во источна Украина во конфликтот во кој загинаа повеќе од 10.300 луѓе.
Двајцата дипломати се состанаа на десеттата годишнина од декларацијата за стратешко партнерство меѓу Украина и САД.
Украинскиот министер Климкин рече дека САД и Украина стојат рамо до рамо во борбата против руската агресија. Тој рече дека таквата агресија има многу форми, како војната на Крим и во делови од Донбас во Украина, како и во напорите на Русија за поткопување на демократските институции во САД и Европа.