ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за зголемување на пензиите
ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието ќе поднесе законско решение за покачување на понзиите за 10%, соопшти денеска партијата. Оттаму најавија дека секој месец ќе поднесуваат по едно законско решение кое ќе биде за доброто на граѓаните.
„Во услови кога оваа власт ја урнисува економијата и предизвикува социјално и економско цинами на секое поле, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија има обврска да понуди јасен концепт за економска политика која ќе носи бенефит и за стопанството, и за работниците и за сите граѓани на Република Македонија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.