ЕУ ги осуди изборите во сепаратистичките делови на Украина
Европската унија соопшти дека ги отфрла „изборите“ закажани за 11 ноември во деловите во источна Украина контролирани од сепаратистите, наведувајќи дека тие го кршат меѓународното право и ги поткопуваат договорите од Минск, кои имаат цел решавање на конфликт во Украина.
„ЕУ „изборите“ планирани за 11 ноември 2018 година, во териториите кои не се контролирани од Владата, Народната Република Луганск и Народната Република Доњецк, ќе ги семета за нелегални и нема да ги признае“, се вели во денешното соопштение на ЕУ.
ЕУ исто така ја повикува Русија „целосно да го искористи своето значително влијание врз сепаратистите кои ги поддржува“, за да се обезбеди брза и целосна имплементација на договорите од Минск, почнувајќи со сеопфатен прекин на огнот и повлекување на тешкото оружје.
Украина исто така ги осуди изборите, кои според договорот од Минск во 2015 година треба да се одржат според украинскиот закон.