Косово ги зголеми таксите за увоз на производи од Србија
Косовската Влада на денешната седница донесе одлука да воведе дополнителни 10 отсто на таксите за производите кои се увезуваат од Србија, соопшти косовскиот премиер Рамуш Харадинај и додаде дека од денеска па натаму во Косово ќе се донесуваат одлуки во врска со однесувањето на Србија без за нив да се расправа во Брисел.
„Дел од ЕУ смета дека се треба да оди на маса со Србија, и за либерализацијата на визите и за војската мислат дека треба да се стават на маса, меѓутоа Србија има непријателски однос. А, кон земјите кои имаат непријателско однесување следуваат санкции. И ние така ќе дејствуваме. Процесите ќе се драматизираат, но измени на косовскиот Устав нема да има“, изјави Харадинај.