Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде компактна
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува да остане компактна пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по серијата оставки од функциите и исклучувањето на седумте пратеници кои гласаа за потребата од носење на уставни измени, што се неопходни за имплементација на Договорот од Преспа. Мицкоски во интервју за ТВ Алсат-М на прашaњете дали смета дека по последните случувања во државата, ВМРО-ДПМНЕ е изолирана од меѓународните претставници, посочи дека во идната недела ќе оди во Хелсинки на конгрес на Европската народна партија.