Осудени 75 лица на смртна казна во Египет
Египетскиот суд осуди 75 лица на смртна казна меѓу кои и членови на забранетото Муслиманско братство кои учествуваа во собирот одржан во 2013 година во знак на поддршка за соборениот претседател Мохамед Морси. За септември е закажана пресудата за уште 660 лица. Собирот во 2013 година беше насилно прекинат од безбедносните сили,. Меѓу обвинетите е и фотоновинарот Махмуд Абу Зеид познат и како Шавкан. Тој беше уапсен за време на покривањето на собирот.