Серија експлозии во Авганистан
![Серија експлозии во Авганистан](https://gdb.rferl.org/0C358A0C-2CDF-4847-9B0E-835C7915DC80_w800_h450.jpg)
Серија на експлозии го погодија источниот авганистански град Џалалабад и истрели од огнено оружје можеле да се слушнат во реонот каде се наоѓа дом за обучување на акушерки, соопштија локални власти. Според нив, некои од студентите биле евакуирани, а експлозија имало во покраината Нангахар.
Се уште нема информации за жртви и никој не презема одговорност за нападите. Но, талибанците и милитантите на Исламска држава спроведуваа такви напади во Нангахар.