Ципрас: преземам политичка одговорност за трагедијата со пожарите
„Го свикав денеска Министерскиот совет пред се затоа што сакам пред грчкиот народ, целосно да ја преземам политичката одговорност за трагедијата. Тоа е нешто што се подразбира за премиерот и за владата“, изјави Ципрас во воведното обраќање на почетокот на вонредната владина седница што започна попладнево, јавува МИА.
Ципрас при тоа ги повика министрите за преземат одговорност „колку и тешка да е таа одлука“, нагласувајќи и дека неговата Влада никогаш не бега од одговорноста. Грчкиот премиер истакна рече дека ова е тежок момент, „можеби најтешкиот во мандатот“ и додаде дека има измешани чувства.
„Имам и агонија, дали реагиравме правилно, дали реагиравме правилно во критичните часови, дали можеме да сториме нешто повеќе, дали можевме да спасиме барем еден живот повеќе од оние што неправедно заминаа, додаде Ципрас. Тој при тоа застана во одбрана на припадниците на грчката полиција, на противпожарната и крајбрежната служба.
