Тачи до прешевските Албанци: Косово го поддржува територијалниот интегритет на Србија
Косово го поддржува територијалниот интегритет на Србија и не прифаќа промена на границите, изјави денеска косовскиот претседател Хашим Тачи, по средбата со политичките претставници на Албанците од Прешевската Долина, а одговарајќи на нивното барање за поддршка на територијална автономија во рамките на Србија со право за припојување кон Косово.
Тачи по состанокот изјави дека ги ислушал внимателно изјавите на претставниците на Албанците од Прешевската Долина, но дека, според него, финалниот договор ќе биде „помеѓу две независни држави, без да се задира во нивниот суверенитет“.