РАФ: Испративме два борбени „тајфуни“ да пресретнат руски воен авион
Два борбени авиона „тајфун“ биле активирани од Романија откако бил забележан руски воен авион како се движи кон воздушниот простор на НАТО, соопшти Кралската воздухопловна служба на Велика Британија, јави Ројтерс.
Авионите полетале од базата Михаил Когалничеан, лоцирана на брегот на Црното Море, со задача да го пресретнат рускиот авион „24 фенсер“.
Според соопштението од британската Кралска воздухопловна служба, на пилотите им било наредено да појдат кон рускиот авион кој се приближувал кон воздушниот простор на НАТО, меѓутоа авионот не го нарушил воздушниот простор на Алијансата, по што двата „тајфуни“ извесно време патролирале, по што се вратиле во базата.