По пожарите, поплави во неколку делови од Атина
Силен дожд предизвика поплави и сериозни проблеми во населби во северниот дел на Атина. Еден паркинг, со над 50 автомобили целосно се поплави, а по наредба на полицијата, неколку поплавени сообраќајници се целосно затворени за сообраќај.
Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека добиле 140 повици за помош на возачи и за затнати шахти. За сега нема информации за повредени граѓани.
Околината на Атина претходните денови беше зафатена од пожари во кои загинаа најмалку 82 лица. И понатаму продолжува потрагата по исчезнати лица, чиј број не е прецизиран, но само во становите и куќите што се отворени.