Манчевски понуди поддршка ако медиумите сакаат измени или нов Закон за медиуми
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција изјави дека Владата не размислува да го отвори прашањето за менување или донесување нов Закон за медиуми, но дека ако медиумските работници покренат иницијатива, тогаш Владата ќе даде поддршка.
„Прво треба да видиме која е потребата за менување на овој закон. Би ја охрабрил, повикал, па и замолил медиумската фела да организира една јавна дебата за овој закон сама. Ние сме тука да дадеме простор и да обазбедиме механизми за се што ќе се договорат во медиумската фела. Нема да инсистираме за ништо и во никаква насока. Ние имаме ставови и мислења за тоа, но нема да инсистираме на нив, туку би ги кажале на дебатата. Сметам дека е пресериозно прашањето за кое има и поделени мислења и затоа не би инсистирале. Ние нема да ја организираме дебатата за ова прашање, но ако медиумите одлучат да организираат само само ќе ги слушнеме мислењата“, рече Манчевски.