Рохани: Нема зошто да одговориме на празните закани од Трамп
„Неосновани коментари и празни закани. Нема причина да одговараме на било какви бесмислени изјави. Треба да одговориме со акција“, изјави Рохани.
Трамп пред неколку дена му се закани на Техеран со несогледливи последици откако иранскиот претседател Хасан Рохани го предупреди Трамп да не си „игра со опашката на лавот“.
