Компанијата која се поврзува со вицепремиерот Анѓушев се откажа од грантот за иновации
Компанијата Кастинвест, која беше на удар на критиките од јавноста дека „иако еден од нејизните косопственици е вицепремиерот Кочо Анѓушев, а сепак доби пари од државата“, се откажа од грантот што ѝ го додели Фондот за инвестиции.
„Сакаме да потенцираме дека како компанија ги задоволуваме сите услови за добивање на грантот, а во сопственичката структура на компанијата фигурира Брако како ко-сопственик, а не Кочо Анѓушев како поединец. Тоа е јасно прикажано во документите при поднесување на апликација за доделување на грант за компании со брз пораст (газели). Последниве денови бевме на удар на јавноста, бевме повикувани како компанија во негативен контекст, изнесени беа низа невистини за „легнати пари на сметка”, а без притоа да се презентира целосно сликата за побараната помош и за инвестициите кои ги имаме во моментов“, се вели во соопштението од Кастинвест.