Србија сака да го дели Косово преку Заедницата на општини, објави Коха Диторе
Косовскиот весник „Коха Диторе“ денеска објави дека „прифаќањето на дебатата со Белград од страна на косовската страна за поделба на Косово или за размена на територии, во рамките на опциите за постигнување законски обврзувачки договор, ќе има тешки последици“.
Во изјава за весникот, косовски аналитичари, велат дека „иако не е јавно и официјално кажано, територијалната поделба цело време е дел од калкулациите на српската страна“.
Според политикологот Бељул Беќај, Србија настојува до поделбата на Косово да дојде преку Заедницата на општини со мнозинско српско население, за која се инсистира да добие извршни надлежности.
Својата анализа Беќај ја заснова нпред се на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ дека сега и Американците ги интересира неговото мислење за наоѓање решение за косовското прашање.
„Затоа, териротијалната поделба не е исклучена од натамошниот дијалог меѓу Косово и Србија“, изјавил Беќај за „Коха Диторе“.