Маж убил една жена и ранил десетина луѓе во Торонто по што се самоубил
Вооружен маж пукал синоќа во Торонто при што ранил десетина луѓе, од кои една жена починала. Канадската полиција соопшти дека вооруженото лице потоа се самоубило. Во нападот во таканаречениот Грчки кварт во Торонто било рането и едно девојче кое се уште било во критична состојба. Полицијата вели дека се уште е рано да се каже дали станува збор за терористички напад.