Комисијата за европски прашања ја отвори расправата за Изборниот законик
Илија Димовски нагласи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат поднесено одреден број амандмани кои што не се архивирани од собраниската служба, а не им се доставени на претседателот на Комисијата, на нејзините членови и на претставниците на Владата за да може да се изјаснат по нив, ниту пак се преведени на албански јазик.
Претседателот на Комисијата Артан Груби одговори дека бил постигнат договор и за седницата биле известени координаторот и заменик координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев и Горан Цуклев. Таквите тврдења на Груби ги отфрли Цуклев.
Потоа Груби го стави на гласање дневениот ред кој доби подршка од осум членови на Комисијата. Седницата беше затворена веднаш со укажување од Груби дека дебатата ќе продолжи согласно собранискиот Деловник. Груби и додаде дека седницата дополнително ќе ја закаже откако ќе бидат преведени амандманите.
