Николовски очекува Косово да ја повлече одлуката за поголеми царини
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски смета дека Косово со одлуката за зголеменото царинење на овошјето и зеленчукот, што ја воведе вчера, го прекршува ЦЕФТА договорот и правно и формално е нејасна и очекува нејзино повлекување.
Николовски не одговори дали Македонија ќе возврати со соодветни мерки. Тој најави дека ќе се реагира во делот на Спогодбата за размена меѓу двете земји.
„Се прават интензивни анализи за одлуката на Косово која воопшто не содржи тарифни броеви, а и, наместо овошје и зеленчук, во табелите пишува пченка“, истакна Николовски.