Пратениците ја изгласаа декларација за членство во НАТО
Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец рече дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но сепак, како што посочи, најголемите индиректни влијанија што ги носи членството не се воени, туку економски бенефиции.
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија ќе ја поддржи Декларацијата и ќе даде силен придонес на патот за полноправно членство во НАТО алијансата.
