По Скопје, Хан утре го отвора скринингот и во Тирана
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, утре попладне ќе престојува во Тирана. Целта на посетата е да ги објасни чекорите кои треба да се преземат за скрининг процесот,како прв чекор кон отворање на пристапните преговори помеѓу Албанија и ЕУ, во јуни 2019 година. Во албанската метропола тој ќе се сретне со претседателот на државата Илир Мета,премиерот Еди Рама,како и со други владини претставници.
Пред посетата,Хан изјави дека Албанија треба да продолжи поангажирано во спроведување на реформите и исполнувањето на петте приоритети за да добие позитивен одговор за почеток на преговорите. Во врска со договорот меѓу Албанија и Грција за определување на морската граница, беше категоричен дека ЕУ нема да и отвори врата на ниедна земја која има проблеми со соседите. Еврокомесарот Хан во Тирана ќе допатува по престојот во Скопје.