Заврши средбата Трамп-Путин
По два часа и 10 минути заврши средбата помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп. На средбата присуствуваа само преведувачите, што наводно било желба на Трамп, иако не е официјално потврдено. Трамп по состанокот со Путин изјави дека „се добро почнало“. Двајцата претседатели заедно со уште шест соработници се на работен ручек.