Заев уверен дека граѓаните ќе го прифатат Договорот со Грција
Прашан за можна руска вмешаност во референдумската кампања, Заев потсети дека огромното мнозинство граѓани се изјасниле за членството во НАТО и во ЕУ и побара да нема непринципиелно мешање во кампањата наредните месеци.
„Секако сме поучени од соседите од минатото, рече Заев алудирајќи на рускиот пуч во Црна Гора пред влезот во НАТО. Ние ќе обезбедиме сѐ што е во наша моќ граѓаните слободно да излезат и да дадат глас за македонската иднина“, изјави Заев.
Прашан за застојот со изборот на членови на Државната изборна комисија, Заев истакна дека Македонија има традиција на решавање на прашања заедно со опозицијата.
