Бројот на загинати во поплавите во Јапонија се искачи на 179
Билансот на загинатите во големите поплави во јапонија се искачи на 179, а десетици се водат како исчезнати, објави АП.
Јапонската Влада информираше дека издвоила 64,8 милиони долари за помош во справувањето со последиците од големите поплави што беа предизвикани од обилни дождови што ја погодија Јапонија минатата недела.
Ова е најголемата ваква природна непогода во јапонија од 1953 година, кога во поплави загинале над 750 луѓе.