ВМРО-ДПМНЕ против промена на поставката во Музејот на ВМРО
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира дека „најостро се спротивставува на паушалнотo и дилетантско толкување на македонското културно историско наследство од актуелната власт“, откако работната група за Музејот на ВМРО соопшти дека утврдила прекршување на низа закони, како и дека предлага промена на поставката и преименувањето на музејот.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „Македонија од осамостојувањето до денес сведочи за најбескрупулозната идеолошко - политичка пресметка со науката и современата научна мисла“.
Целта на промената на поставката, според ВМРО-ДПМНЕ, е „само уште еден очаен обид да ги оправдаат безумните капитулантски политики на Владата и уште еден чекор во антидржавните политики докажано со бришењето на името, јазикот и идентитетот, а сега и со бришењето на историјата“.