Димитров: Не можеме да ги смениме историјата и географијата, но можеме да создадеме заедничка иднина
Не можеме да ја смениме географијата или историјата, но може да работиме заедно за да ја создадеме нашата заедничка иднина, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Тој истакнува дека договорот за името меѓу Македонија и Грција
е компромис и затоа и од двете страни постојат луѓе кои не се среќни, но го изразува неговото мислење дека е создаден „дел од Европа на нашиот дел од Балканот“.