Шекеринска: Утре седнуваме на маса со светските велесили
Нашата земја официјално ќе ја добие поканата за членство во НАТО. Членството во НАТО е историска шанса која сега мора да ја искористиме. Со тоа Република Македонија ќе стане партнер и сојузник со најмоќните земји во светот. Членството во НАТО ќе биде стабилност и сигурност за Македонија и нејзините граѓани. Но, тоа ќе донесе и шанса за побрз економски развој и просперитет, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во видео-порака непосредно пред самитот на НАТО во Брисел.
Таа рече дека следните два дена Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили, дека од 2008 година граѓаните виделе што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион, а во изминатата година, како што рече, биле направени крупни промени, крупни чекори напред и биле решени тешки проблеми.