Се осипува бројот на ромски ученици во училиштата
Резултатите од истражувањето на Асоцијацијата „24 Вакти“, во рамки на проектот „Инклузија преку мобилизација“, покажуваат дека вкупно 482 деца Роми не посетуваат настава во двете основни училишта во скопската општина Шуто Оризари.
Според истражувањето, најкритичен е периодот од прво до петто одделение, кога најмногу децата Роми го напуштаат образованието.
„За осипувањето на учениците од основните училишта има неколку причини како што се внатрешните и надворешните миграции, како и социо-економската ситуација кај Ромите“, изјави Сали Мемед, координатор на проектот пред почетокот на денешната презентација на резултатите од истражувањето.
Истражувањето е спроведено во периодот мај-јуни годинава.