Чеку: Се повеќе Срби служат во косовските безбедносни сили
Агим Чеку, заменикот-министер за Безбедносните сили на Косово (ФСК), изјави дека надлежните органи ги идентификувале лицата кои, по инструкции од властите во Белград, им се закануваат и ги уценуваат Србите кои се припадници на ФСК да го напуштат.
Чеку во интервју за телевизијата Т7 рече дека тие лица главно вршат притисок врз родителите на припадниците на косовските сили за да ги убедат своите деца да излезат од ФСК.
Според поранешниот премиер и поранешен министер за ФСК, поголема е бројката на Срби кои секојдневно се пријавуваат за служење во косовските сили, одошто на оние кои бараат да ги напуштат.
Освен тоа, рече Чеку, и повеќето од оние кои имаат поднесено барање за ослободување од службата, продолжуваат секојдневно да доаѓаат на работа.