Кремљ: Секое поврзување на труењата со новичок со Русија е апсурдно
Кремљ негира вмешаност во најновиот случај со труење со нервниот гас „новичок“ и секое поврзување со Русија го нарече апсурдно.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј песков, изјави дека Москва жали поради смртта на Британката Доун Старџерс, која почина од труење со нервниот гас.
"И натаму сме многу загрижени поради постојаното присуство на таа отровна супстанца на британската територија. Сметаме дека тоа е опасност, не само за Британците, туку и за другите Европејци", вели портпаролот на Кремљ, Дмтриј Песков.
Старџерс, која била изложена на нервниот агенс "новичок" во Салисбери, на југот на Англија, починала вчера во болница, соопштила британската полиција.
Труењето со овој нервен гас стана една од главните теми во медиумите и предмет на дипломатска војна на Велика Британија и Русија уште со труењето на двојниот агент Скрипал во истиот град, Салисбери.