ВМРО-ДПМНЕ: Техничка влада и професионална ДИК за демократски избори
Од партијата наведуваат дека демократски избори со СДСМ на власт не се можни без техничка влада и професионална ДИК и оти само на таков начин може да се гарантираат демократски услови.
бидејќи бевме сведоци на најкриминалните локални избори, кои беа организирани од СДСМ.
„Граѓаните беа лишени од правото за слободно и непречено изјаснување на својата волја. На локалните избори беа регистрирани неколку случаи на полнење на кутии со таканаречен метод на бугарски воз, поткупување на гласачи и заплашување на граѓамните да излезат да гласаат. Целиот инструмент на државната власт буквално беше ставен во функција на СДСМ’, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
