Меј експресно именуваше нов министер за Брегзит
Британската Влада денеска соопшти дека премиерката Тереза Меј го именувала министерот за домување Доминик Раб за нов министер задолжен за Брегзит, односно за спроведување на британското излегување од ЕУ, објави АП.
Именувањето на Раб следува по оставката на досегашниот министер Дејвид Дејвис, кој се повлече од функцијата, незадоволен од исходот на состанокот на Владата во петокот. На тој состаној Меј побарала министрите да се обвзат дека ќе го почитуваат договореното со Унијата.
Тој договор, според Дејвис, не би значело вистинско излегување од ЕУ, туку обврзување кон правула и регулативи на ЕУ.