Спасени шест момчиња од пештерата во Тајланд
Спасувачи денеска започнаа со мисија за извлекување на 12 момчиња и на нивниот тренер. Спасувачката операција може да трае од три до четири денови во зависност од времето.
Светските медиуми наведуваат дека спасените момчиња се однесени во болница. Редоследот за спасување го одредиле лекари во пештерата, а прво се извлекуваат најслабите момчиња.
