Постигнат договор меѓу Владата и вработените во „Еурокомпозит“
Договорот е постигнат на денешната средба меѓу вработените и претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
„Владата презема обврска на ист начин како што се решаваше „Фени индустри“ да го решава и „Еурокомпозит“, бидејќи по кажувањето на вицепремиерот има заинтересирани компании кои сакаат да инвестираат“, изјави претседателот на СИЕР Пеце Ристевски по средбата.
Пред Владата почнаа беа псотавени шатори од штрајкувачите од Еурокомпозит. Тие бараа исплата на заостанатите 18 плати и придонеси за здравствено и пензиско осигурување за изминатите шест години.
