Путин и Трамп можат да разговараат без помошници
Кремљ денеска соопшти дека претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин би можеле да разговараат насамо, без присуство на соработници, на претстојниот самит во Хелсинки. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека двете страни се согласиле дека двајцата лидери би можеле да имаат состанок насамо, пред почетокот на самитот кој е закажан за 16 јули, во главниот град на Финска. Песков рече дека Путин се согласува со тоа се со цел соговорниците да се чувствуваат удобно. Состанокот Путин -Трамп ќе биде нивна прва официјална средба, бидејќи досега се состануваа на маргините од различни меѓународни собири.