Шекеринска: Никој ниту во ЕУ, ниту во НАТО не побарал кампови за бегалци
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека никој ниту во Европската унија, ниту во НАТО не побарал отворање бегалски кампови во Македонија.
“Без разлика на шпекулациите и лажните вести, кои се ширеа во Македонија најoдговорно можам да кажам дека на ниту еден од состаноците со претставници на ЕУ или на НАТО, никој не го спомнал прашањето за справување со миграцијата. Во минатото само ни честитаа за тоа како сме помогнале, но ниту еден не излегол со инцијатива или барање за какви било кампови за бегалци. Честопати ова прашање се злоупотребуваше како можност за манипулација со емоциите на граѓаните,” порача Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која информираше за усвоениот Стратешки одбранбен преглед.