Коѕијас: Во Парламентот има мнозинство за Договорот за името
Коѕијас одби да ја коментира изјавата на неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос каменос, кој денеска рече дека ако за Договорот нема мнозинство од 180 пратеници, тогаш решението е референдум или избори.
„Немам никаква намера да го коментирам Каменос, не е во моја надлежност. Договорот е многу добар, не отстапува национален суверенитет за да се поставуваат како предуслов 180 гласови во Парламентот. Каменос ги знае овие работи и прави политички избор“, рече шефот на грчката дипломатија во интервјуто.
