Орбан и Бабиш нема да потпишат договор за мигрантите
Унгарскиот премиер Виктор Орбан негираше дека Унгарија е една од 14-те земји, кои се подготвени да потпишат договор со Германија за забрзување на процесот на реадмисија на барателите на азил депортирани од Германија, а чешкиот премиер Андреј Бабиш, исто така, одлучно ја отфрли веста дека меѓу овие земји е и Чешка. За новинската агенција МТИ, Орбан изјави дека овој извештај е „вообичаен политички блесок" и дека таквиот договор не е постигнат.
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера им испрати извештај, под наслов „Повеќе ред и правила во политиката за миграција: ситуацијата по самитот на ЕУ 28/29 јуни“, на коалициските партнери Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и на Социјалдемократската партија Германија (СПД). Во извештајот се наведува дека 14 земји-членки и рекле на ЕУ дека се подготвени да потпишат договори со Германија за прием на барателите на азил, кои претходно веќе се регистрирани во нивните земји. Меѓу овие земји се наведени некои од најгласните во спротивставувањето на мигрантската политика на отворени врати на германската канцеларка, вклучително и Унгарија и Чешка.