Добавить новость
123ru.net
Все новости
Январь
2017

Медиум: Трамп на Путин ќе му ја принесе Украина на тацна

0

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се чини дека мисли дека може да склучи договор со Владимир Путин за Сирија, пишува „Тајмс“. За Москва, смета изданието, тоа би било награда за нејзиниот „воен авантуризам во Украина“ и на други места.

Единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузнецов“, се вели во статијата, наскоро ќе помине низ Ла Манш затоа што ја исполни својата задача за помагање во руското бомбардирање во Сирија. Повлекување на бродот и на другите руски сили, според изданието, се планира да се совпадне со инаугурацијата на Доналд Трамп. Со самото тоа Кремљ му испраќа сигнал на новоизбраниот американски претседател: „Владимир Путин е подготвен да се договори со САД“.

„За „Адмирал Кузнецов“ мисијата е завршена. Бунтовничките сили во Алепо се смачкани, Башар Асад, претседателот на Сирија и клиент на Кремљ, очигледно, ќе се чувствува на својата функција толку безбедно, колку што се нема чувствувано уште од 2011 година“, пишува „Тајмс“. 

Америка на Трамп се среќава со Русија на Путин

Воената операција на Путин имаше за цел да создаде на местото на настаните „политичка реалност“ благодарение на која на идната администрација на Доналд Трамп ќе ѝ биде полесно да ја признае Сирија за дел од руската сфера на интерес. Според британскиот весник, мировната конференција, која Русија и Турција планираат да ја одржат на крајот на овој месец, ќе стане обид да се направи режимот на Асад „имун“.

Но Западот треба да се грижи не само за уништувањето на „независните гласови“ во Сирија и маките на милиони Сиријци, туку и поради фактот дека Трамп и Путин можат да направат голем договор кој нема да биде ограничен само на Блискиот Исток. Повеќе пати изречените пофалби од Трамп за Путин, како и неговите екстравагантни обиди да ја заштити Москва од критика и да ја минимизира нејзината улога во сајбер-нападите врз претседателските избори во САД, даваат до знаење дека новоизбраниот претседател на САД го подготвува патот за „големо помирување со Кремљ“.

Приоритетите на Трамп во надворешната политика, како што се нагласува во статијата, се состојат во тоа да се порази терористичката група „Исламска држава“, да се намали улогата на Иран како извор на дестабилизација во регионот и да се предизвика на економската и растечката воена моќ на Кина. 

Трамп ќе има проблеми

„Според пресметките на идниот претседател, Русија може да помогне со реализација на сите овие стратешки цели под услов да ѝ се даде признанието по кое таа копнее“, пишува „Тајмс“. 

Таквата политика на попуштање е „штетна“. Резултатот од тоа ќе биде Украина да му биде поднесена на рускиот лидер „на тацна“. Договорот меѓу Трамп и Путин, според политичките аналитичари, за 20 години би го избришала од меѓународната агенда прашањето на Крим, за да не пречи во решавањето на војната која се случува на територијата на Донецката и Луганската област. Притоа „руската анексија“ на Кримскиот полуостров ќе биде тивко признаена.

„За Путин тоа ќе биде штедра награда за прецртувањето на границите во Европа со помош на сила“, пишува Тајмс. Сепак, според британскиот весник, тоа не би донело мир на границите на Европа, затоа што мирното регулирање на истокот на Украина може да почне единствено кога Москва „навистина ќе ги повлече своите единици и ќе ги почитува границите“, се вели во заклучокот на статијата што ја пренесува ИноТВ.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net