Добавить новость
123ru.net
Все новости
Январь
2017

4 сценарија за односите помеѓу РФ и НАТО во 2017

0

Советот има подготвено извештај „Главните закани, кои треба да бидат следени во 2017 година“. Веројатноста од конфликт помеѓу Русија и НАТО се најде на првото место во категоријата закани, чие влијание експертите на Советот го оцениле како „високо“, а веројатноста како „умерена“.

Во документот станува збор за „намерна или за ненамерна воена конфронтација“ која може да биде предизвикана од „агресивното однесување“ на Русија на територијата на Источна Европа. Руски експерти зф „Руска реч на македонски“ зборуваат за тоа како може да изгледа овој конфликт и што уште може да биде причина за конфронтација помеѓу Москва и Алијансата.

1. Воени дејствија во Балтикот

Аналитичарите истакнуваат дека е најверојатно да има конфликт во Источна Европа, бидејќи токму таму се распоредени војници на НАТО. Алијансата неодамна одлучи да испрати во земјите од регионот дополнителни воени контингенти. Пјотр Топичканов, соработник на програмата „Проблеми на неширење“ на Московскиот центар „Карнеги“, наведува дека „со оглед на тоа дека се наоѓаат блиску една до друга, воените сили по грешка или како резултат на провокација, можат да влезат во контакт една со друга“.

Според експертот во овој случај не може да се исклучи ескалација на конфликтот од типот на онаа што најде одраз во „жешката“ програма на Би-Би-Си (ВВС). Во неа според сценариото по инвазијата на руски војници во Латвија, Западот се соочува со прашањето дали да примени нуклеарно оружје. Според Топичканов, иако такво сценарио е можно, тоа е „мошне сомнително“, бидејќи „никој - ниту Западот, ниту Русија - не сака војна во Европа“.

НАТО се приближува кон руската граница, но сака дијалог со Москва

Во исто време, според мислењето на Алексеј Фененко, соработник на Институтот за светска безбедност при Руската академија на науките, е можно да се замисли вметнување на руски војници во балтичките земји само во еден единствен случај. Тоа би се случило како одговор на Русија на обидите на војниците на НАТО да го блокираат Калининград - руска енклава во Балтикот.

2. Судир на војските на Русија и на НАТО во Сирија

Сирија може да биде уште една територија, на која може да настане конфликт помеѓу Москва и НАТО. Заострување во Сирија е веројатно доколку западните земји од закани против силите на претседателот Башар ал Асад се префрлат на воени дејствија против сириските владини трупи. Тогаш се можни и борбени судири со руските војници кои ги поддржуваат единиците на Ал Асад, укажуваат аналитичарите. Само што, како што забележува Анатолиј Циганок, воен експерт, професор на Факултетот за светска политика на Московскиот државен универзитет, тоа дури и во теорија е тешко возможно во текот на следните месеци. Според мислењето на експертот, во најскоро време САД „ќе му ја предадат работата“ на Доналд Трамп и на Белата куќа нема да ѝ биде дојдено до Сирија. Потоа во Сирија ќе започне сезоната на песочните бури. Затоа, дури и да е можно некакво заострување, тогаш тоа нема да биде порано од крајот на март.

Александар Гољц, независен воен експерт, главен уредник на опозицискиот портал „Ежедневниј журнал“, исто така ја условува ситуацијата во Сирија со претстојната скора промена на првиот човек на Белата куќа. Новоизбраниот претседател на САД вели дека е потребно да се преиспита надворешнополитичкиот пристапи, па затоа засега е тешко да се предвидат неговите активности. Експертите, забележува Гољц, кои зборуваат за закана од конфликт во Источна Европа, се раководеле од логиката на противење, доминантна кај претседателот Обама. Истата таа логика е во основата на претставата за можноста од конфликт во Сирија. Сега сепак поради изборот на Трамп политичката конјунктура сериозно се менува.

3. Заострување поради Украина

Постои и веројатност за заострување на односите помеѓу Москва и Алијансата поради Украина, но таа не е голема. Тоа е поврзано со самиот „формат“ на конфликтот во Источна Украина: официјално и Западот и Русија го негираат своето воено присуство таму.

Како да се решат несогласувањата помеѓу Русија и Западот?

Важни се и политичките причини. Во некои западни земји од нормандискиот формат, како Германија и Украина, наскоро ќе има избори за државни лидери. Во такви услови ним не им е потребно изострување на украинскиот конфликт, а уште помалку ескалација на проблемите со Русија.

4. Сајбер-напади

Експертите се убедени дека едно од сценаријата за заострување на односите помеѓу Руската Федерација и НАТО може да биде поврзано не со географијата, ами со заканите во сајбер-просторот. Неодамна властите во САД почнаа активно да ја обвинуваат Москва дека руски хакери се вмешале во американските избори. Според мислењето на Топичканов ескалацијата на односите помеѓу Руската Федерација и некоја од земјите-членки на НАТО во сајбер-просторот е целосно веројатна. Експертот потсетува дека за Индија и Пакистан сајбер-нападите станаа нормален дел од конфликтното постоење.

Засега е целосно нејасно што се подразбира под сајберагресија и она што треба да го направи земјата, изложена на таква агресија. Можно е „при евентуален сајбер-напад против нуклеарка или против транспортен објект, на земјата да ѝ се наложи да преземе акции, вклучувајќи и употреба на оружје“, коментира експертот.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net