11 нови случаи на Ковид-19, тројца починати и 95 оздравени
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се направени 450 тестирања, при што се регистрирани 11 новозаразени со коронавирус, тројца починати и 95 оздравени пациенти.
„Од новозаразените, три случаи се во Скопје, а по еден во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево. Починати се три лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови“, соопшти МЗ.
За 24 часа 321 прекршок за неносење заштитна маска
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.