Продолжуваат спасувачките операции по поплавите во Авганистан и Пакистан
Спасувачки екипи продолжуваат со потрага по жртви од поплавите, од кои стотици лица загинаа во Авганистан и во Пакистан.
Официјални претставници во Авганистан на 29 август изјавија дека околу 160 луѓе се загинати во 13 главно западни провинции кои беа погодени од поплави. Во соседниот Пакистан, најмалку 96 лица беа пријавени дека се загинати во поплавите кои претежно беа концентрирани во југоисточниот дел на земјата.
„Ова се врнежи од дожд без преседан и ги соборија сите претходни рекорди“, изави за новинарите Мирад Али Шах – главен министер на провинцијата Синд. Тој додаде дека само на 27 август во Карачи наврнале 230 милиметри дожд.
Најмалку два милиони луѓе во Карачи беа погодени од поплави, а некои населби се буквално недостапни поради големата количина на вода.
Министерството за одбрана во Авганистан рече дека безбедносните сили помагаат во напорите за закрепнување, додека НАТО издаде соопштение во кое се вели дека помагаат и нивните сили.
Сезоната на монунски дождови трае од јуни до септември.