Блокади на улиците откако полицијата го прекина протестот во Берлин
Блокади и седење на улиците се случуваат во делови на германскиот главен град Берлин, откако полицијата го прекина протестот против мерките за спречување на ширењето на коронавирусот поради безбедносни прекршувања, јави германската новинска агенција ДПА.
Околу 18.000 луѓе денеска учествуваа на протестите во Берлин против владините мерки за ограничување воведени против ширењето на коронавирусот. Полицијата бараше од учесниците во маршот да го напуштат протестот, а беше уапсено и едно лице во судири со полицијата.
Полицијата наметна задолжително носење маски, а беше наведено дека маршот не може да продолжи доколку емонстрантите не го почитуваат редот. Тоа се случи откако учесниците одбиваа да ја одржуваат безбедносната дистанца.
Полицијата исто така соопшти дека собирите вклучувале групи од околу 40 луѓе на берлинската улица Шифбауердам и на блокадата на авенијата Универзитаештрасе, исто така во централниот дел на Берлин.
Видео снимките покажуваат како полицијата ги растерува демонстрантите.
Околу 3.000 полицајци беа распоредени низ целиот град за да го одржуваат редот.