Три жртви во поплави во Турција
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу соопшти денеска дека три лица го загубиле животот во поплавите предизвикани од обилните дождови на брегот на Црно Море во Турција. Единаесет други лице се водат како исчезнати. Надлежните служби, според министерот, спасиле 127 лица.
Еден од починатите во поплавите бил полицаец. Поради обилните дождови на турскиот брег на Црното Море и свлечиштата што се придвижија, евакуирани се станарите од станбените згради во провинцијата Риза.