Заврши пучот во Мали, претседателот поднесе оставка
Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита, поднесе оставка откако беше уапсен од побунетите војници, јави државната телевизија, пренесе АП. За време на телевизиското обраќање, Кеита рече дека ќе ги распушти владата и парламентот. „Не сакам да се пролее крв за да останам на власт“, рече тој.
Кеита се обрати до нацијата неколку часа откако тој и премиерот Бубу Сисе беа однесени во воен камп во близина на Бамако, предизвикувајќи осуда од регионалните сили и Франција.
Претседателот и премиерот беа уапсени во Бамако од одметнати членови на вооружените сили, соопшти претходно претставникот на Африканската унија, Муса Факи Махамат.