Најголем дел од новите случаи на ковид-19 во Словенија се увезени од Хрватска
„Ако ова продолжи, ние може да влеземе во есенската сезона со проблеми поврзани со дружење во училиштата и работните места. Може да се појават жаришта на инфекции“, вели Беовиќ.
Словенечката докторка Марта Гргич Витек од Институтот за јавно здравје рече дека увезените случаи на коронавирус минатата недела предизвикале локални трансмисии, како и дека 27 од последните 33 случаи биле увезени од Хрватска.
Во Словенија денеска се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени достигна 2332. Досега се оздравени 1960 луѓе, починати се 129, а во моментов активни се 243 случаи.
