СДСМ: Имаме сериозни преговори за мнозинство
СДСМ денеска соопшти дека се во тек, како што велат, сериозни преговори за формирање парламентарно мнозинство, а со тоа и формирање Влада, но без да прецизираат со кого се преговара или со кого до сега е разговарано.
„Како одговорна партија СДСМ води разговори за пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои се способни посветено и одговорно да работат на остварување на овие принципи кои се во интерес на граѓаните и државата“, се наведува во сооопштението од СДСМ.
Голтање кнедли за формирање владино мнозинство
На изборите одржани на 15 јули, во Собранието од 120 пратеници коалицијата предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса/Алтернатива 12, Левица 2 и еден пратеник освои ДПА.
„Новото парламентарно мнозинство ќе обезбеди стабилна Влада која движи брзо напред по европскиот пат, Влада посветена на економијата, правдата и борбата со Ковид-19“, додаваат од СДСМ.