123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2024

Новости за 26.12.2024

Затворени две јавни претпријатија на северот на Косово кои работеле во системот на Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Две јавни претпријатија кои работеа во Северна Митровица во српскиот систем - Дирекцијата за станбен и стопански простор и Дирекцијата за градежно земјиште, беа затворени на 26 декември. Заменик-директорот за регионот север, Ветон Елшани, за Радио Слободна Европа изјави дека локалните власти побарале помош за да „ослободат некои канцеларии“. Овие простории вообичаено се наоѓаат во станбена зграда во Северна Митровица и засега не е јасно кој е сопственик на просториите каде функционирале овие фирми. Читать дальше...

Израел нападна позиции на Хутите во Јемен

SlobodnaEvropa.mk 

Израелската војска соопшти дека на 26 декември нападнала неколку цели во Јемен поврзани со движењето Хути, еден ден откако јеменските бунтовници поддржани од Иран извршија напад врз Израел. Израелските напади го погодија меѓународниот аеродром во Сана и три пристаништа под контрола на бунтовниците долж западниот брег. Телевизијата Ал Масира, која е под контрола на Хутите, соопшти дека во нападот на аеродромот загинале две лица, во нападот на пристаништето едно лице, додека 11 лица се ранети.... Читать дальше...

Воениот суд на Пакистан затвори 60 поддржувачи на Имран Кан поради насилни протести

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистанскиот воен суд осуди 60 лица на затворски казни од две до 10 години поради насилните протести што избија по апсењето на поранешниот премиер Имран Кан во 2023 година, соопшти армиското медиумско крило на 26 декември. Обвинетите, меѓу кои имаше и роднина на Кан, како и двајца пензионирани воени офицери, беа осудени во врска со напади врз воени објекти. По истите обвиненија на 21 декември беа осудени уште 25 лица. Тие имаат право на жалба на казните, се вели во соопштението на военото медиумско крило. Читать дальше...



Сè повеќе докази дека руска ракета го погодила авионот на Азербејџан ерлајнс

SlobodnaEvropa.mk 

Дел експерт велат дека доказите укажуваат дека авионот на Азербејџан ерлајнс е можно да бил погоден со ракета земја-воздух над рускиот регион Чеченија, пред да го премине Каспиското Море и да се урне во близина на Актау, Казахстан, кога загинаа 38 од 67 патници и членови на екипажот.

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за злоупотреби во „Државна лотарија“

SlobodnaEvropa.mk 

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти, осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за злоупотреба на постапката за јавни набавки. Според информациите од Управата, станува збор за неправилности поврзани со случајот „Државна лотарија“, со кои буџетот на државата бил оштетен за над 22 милиони денари. Според информации до кои претходно дојде Радио Слободна Европа претходно, апсен... Читать дальше...

Прва пресуда во отсуство за воени злосторства на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Основниот суд во Приштина го осуди Чедомир Акшиќ на 15 години затвор за воени злосторства извршени во периодот од јануари до мај 1999 година на територијата на општина Штимље во Косово, односно во селата Речак, Мулапољце и Петрово. Ова е прва пресуда за воени злосторства донесена во отсуство врз основа на изменетиот Закон за кривична постапка во 2022 година. Судењето во отсуство може да се одржи под услов обвинителството и судот да ги исцрпат сите средства за обезбедување присуство на обвинетиот. Читать дальше...

Уапсен газдата на „Ритрон копи“ за тендерите за телевизори во Државна лотарија

SlobodnaEvropa.mk 

Уапсен е сопственикот на кумановската компанија „Ритрон копи“, Артан Ајрули, дознава Радио Слободна Европа (РСЕ). Апсењето на Ајрули е во рамки на друга истрага поврзана со работата на поранешното раководство на Државната лотарија. Станува збор за добиени тендери за набавка на телевизори за државното акционерско друштво. На 17 декември, РСЕ објави дека пребројувањето на набавените уреди е направено по барање на Финансиската полиција, која ги истражува набавките на ТВ уреди во различни димензии од „Ритрон копи“. Читать дальше...

ДКСК: Не сме надлежни за веродостојноста на сертификатот на директорот на АНБ

SlobodnaEvropa.mk 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) истакнува дека нема надлежност да ја истражува веродностојноста на сертификатот по англиски јазик на директрот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. Денешната реакција од ДКСК следува откако претходно опозицискиот Социјалдемократски Сојуз побара повлекување и преиспитување на одлуката на Антикорупциска во врска со случајот со дипломата на Христовски, како и преиспитување на анализата направена од Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Читать дальше...



Протест за поддршка на српските студенти од нивните колеги во Сараево

SlobodnaEvropa.mk 

Стотина студенти денеска (26 декември) се собраа пред Филозофскиот факултет при Универзитетот во Сараево во знак на поддршка на колегите од Србија кои неколку недели по ред протестираат поради, како што велат, несоодветната истрага за несреќата со настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Студентите побараа одговорност и за трагедијата во Јабланица која се случи на 4 октомври, кога за време на поплавите поради одрон на камен и земја, животот го загубија 19 лица, за што Обвинителството води истрага. Читать дальше...

Tajланд се приклучува во БРИКС како земја партнер

SlobodnaEvropa.mk 

Тајланд ја прифати поканата да стане земја партнер на БРИКС и се надева дека во наредниот период ќе се приклучи во организацијата како полноправна членка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата. Портпаролот на министерството на прес-конференцијата рече дека Тајланд на 31 октомври добил официјална покана да стане партнер на БРИКС од претседавачот на таа организација, Русија, а дека на 24 декември на седницата на владата било одлучено да се позитивен одговор на таа покана. Читать дальше...

Стопанската комора на северозападна Македонија апелира трговците да си го одржат зборот за намалени цени

SlobodnaEvropa.mk 

Компаниите кои доброволно се согласија дека ќе ги намалат цените на основните прехранбени производи во рамки на новогодишната кошничка, да си го одржат зборот и да не го прекршуваат ветеното, апелира Стопанската комора на северосападна Македонија (СКСЗМ). Комората досега нема потврда дека некои од нејзините членки не се придржуваат до оваа мерка и дека направиле какви било зголемувања на цените надвор од договореното. „Компаниите што предложија сами, самоволно, без никаков притисок, треба да се придржуваат кон тој предлог... Читать дальше...

Министерот за безбедност на БиХ, Нешиќ уапсен поради корупција

SlobodnaEvropa.mk 

Ненад Нешиќ, министер за безбедност во Советот на министри на Босна и Херцеговина, е уапсен поради корупција, потврди Обвинителството на Босна и Херцеговина. Нешиќ е приведен во петокот, на 26 декември, во истрагата што заеднички ја воделе Државното обвинителство и Управата за организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, соопшти Обвинителството. Освен Нешиќ, уапсени се и Милан Дакиќ, директор на Јавното претпријатие „Патишта РС“, Младен Лучиќ, брат... Читать дальше...

Треба ли ревизија на „недела неработен ден“?

SlobodnaEvropa.mk 

Работодавците очекуваат наскоро да почнат преговорите со Владата и синдикатите. Дел од коморите бараат целосно укинување. Но, синдикалците велат во недела треба да се слободни и дел од тие што сега работат - прашуваат кој е националниот интерес да работат трговските центри? Власта е на став дека треба да им се дозволи уште на неколку дејности да работат во недела.

Косовската изборна комисија чека „законски рокови“ за заверка на Српска листа на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Централната изборна комисија на Косово ќе почека да се завршат законските процедури и потоа ќе донесе одлука за вклучување на дневен ред на прашањето за потврдување на учеството на изборите на Српската листа, најголемата српска партија на Косово, на која претходно и одби сертификација. На 25 декември, Изборачкиот панел за жалби и претставки ја укина одлуката на ЦИК и и наложи да го одобри учеството на Српската листа на парламентарните избори во февруари 2025 година. „Одлуката на Избирачкиот панел... Читать дальше...

Собранието ќе одлучува за разрешување на петмина членови на Судски совет

SlobodnaEvropa.mk 

Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет е причината поради која пратениците одлучиле да ги отповикаат членовите во Советот кој ги назначува, изјави денеска (26 декември) претседателот на Собранието Африм Гаши. Петмина членови на судскиот совет назначени од Собранието ќе бидат отповикани во Комисијата за именување и назначување. „Тоа значи дека може да отпочне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови, како што е во Деловникот, како што биле назначени, така ќе бидат и разрешени“, изјави Гаши. Читать дальше...

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, се очекува стабилизирање на инфлацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Стабилноста на денарот е загарантирана, а девизните резерви годинава се околу 40 отсто над нивото од периодот пред пандемијата, вели гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија. Таа додава дека се очекува  постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година.  Гувернерката, како што информира Народна банка, нагласила дека НБ преку своите мерки успеала да ја одржи макроекономската стабилност, како и стабилноста на курсот на домашната валута во однос на еврото. Читать дальше...

Заканите на Трамп за нови царини се лоша вест за европската автомобилска индустрија

SlobodnaEvropa.mk 

Додека Доналд Трамп се подготвува да ја преземе функцијата на 20 јануари, веќе погодената автомобилска индустрија во Европа се подготвува за дополнителни „спротиставени ветрови“ поради заканата од воведување нови царини од страна на идниот претседател на Соединетите Држави. Трамп вети дека ќе воведе нови, повисоки царини за стоки што доаѓаат од Кина, Канада и Мексико во еден од неговите први настапи на функцијата, а тоа според експертите, е ветување што може да разгори трговски војни. Тоа е лоша... Читать дальше...

Сè уште не е позната причината за авионската несреќа во Казахстан, истрагата продолжува

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Казахстанскиот Сенат на 26 декември изјави дека се уште не е позната причината за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс на северот на Казахстан. „Ниту една од овие земји - ниту Азербејџан, ниту Русија, ниту Казахстан - не е заинтересирана да крие информации. Сите информации ќе бидат достапни за јавноста“, рече Ашимбаев Маулен, пренесе Ројтерс. Патнички авион „Ембраер“ се урна на 25 декември во близина на градот Актау во Казахстан, при што загинаа 38 лица. Дописникот на Радио... Читать дальше...

Полициски час во Хомс, убиени 14 сириски полицајци

SlobodnaEvropa.mk 

Четиринаесет припадници на сириската полиција се убиени за време на судирите со силите лојални на поранешниот претседател Башар ал Асад во провинцијата Тартус, соопшти  преодната администрација. Новиот сириски министер за внатрешни работи на Телеграм објави дека и 10 полицајци биле ранети од, како што ги нарече, „остатоците“ од владата на Асад во Тартус. Тој додаде дека ќе се справи со секој кој ќе се осмели да ја поткопа безбедноста на Сирија или да ги загрози животите на нејзините граѓани.... Читать дальше...

Јужнокорејската опозиција ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Главната опозициска партија во Јужна Кореја, Демократската партија, денеска (26 декември) ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател Хан Дак-су, кој истовремено е и премиер, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Партијата соопшти дека целта е гласањето за импичмент да се одржи утре, 27 декември. Претходно, со ваква процедура беше сменет од функцијата претседателот Јун Сук-јеол, кој на 3 декември прогласи воена состојба во земјата. Тоа беше причина пратениците да гласаат за негово отстранување. Читать дальше...

Најмалку 10 загинати во израелски напади во Појасот Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 10 лица загинаа, а десетици се ранети во израелските напади врз Појасот Газа извршени доцна синоќа, соопштија локални медицински лица. Пет лица загинале, а 20 се повредени во израелски воздушен напад врз станбен објект во населбата Зејтун во градот Газа, соопштија медицинските лица. Во друг напад, пет новинари беа убиени кога нивното комбе беше погодено во областа на болницата Ал Авда. Новинарите работеа за телевизијата Ал Кудс Ал Јум, поврзана со Хамас. Палестинските медиуми и локални... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Mash: В Москве тренер не заметил тонущего в бассейне семилетнего ребенка


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Юлия Путинцева

Разгром за 33 минуты случился в первом матче Путинцевой


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

"Готовьте обезболы": Вильфанд назвал дату аномального погодного срыва в Центральной России





Путин в России и мире
Москва

Путин на неделе совершит региональную поездку


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

NYT: Высокопоставленный чиновник США впервые за 5 лет посетил Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Зеленский размечтался: говорит, Киев якобы «сможет вернуть» Крым и «другие потерянные территории» дипломатическим путём


Навальный в России и мире
Москва

Послы Евросоюза, Британии и США возложили цветы на могилу Алексея Навального в Москве



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Сергей Брановицкий

Интересные каналы в Telegram. Лучшие каналы в Telegram.



Москва

Подземный бункер в метро

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net