123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2024

Новости за 20.12.2024

Италија ја казни американската фирма ОпенАИ со 15 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Американската компанија ОпенАи ( OpenAI) доби казна од 15 милиони евра од италијанската агенција за заштита  на податоците. Поводот за казната е завршената истрага, во која Агенцијата заклучила дека популарниот чет-бот ChatGPT кој е во сопственост на оваа компанија за вештачка интелегенција собира лични податоци од корисниците. Агенцијата уврдила дека американската компанија ги користела личните податоци на корисниците за обука на ChatGPT „без соодветна правна основа“ и  со тоа ги прекршила принципите на транспарентност... Читать дальше...

Двајца Македонци уапсени на бугарска граница за шверц на 137 килограми марихуана

SlobodnaEvropa.mk 

Во два камиони со руда наменети за Турција, двајца македонски државјани пробале да пренесат 137 килограми марихуана на бугарска граница. Бугарската гранична полиција соопшти дека на преминот Ѓуешево, најголемиот граничен премин на македонско- бугарската граница на планината Осогово, биле сопрени два камиони со македонски регистарски таблички.  Според соошшението од бугарската царина, на 18 декември годинава, камионите официјално превезувале руда до Турција. Марихуаната била пронајдена при темелен царински преглед. Читать дальше...

Австриец уапсен на хрватска граница при обид да „прошверцува“ почината 83- годишна жена

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватските власти уапсија австриски државјанин под сомнение дека се обидел да прошверцува почината жена. Тој бил запрен на граничен премин со мртва жена која била сместена на  совозачкото седиште во неговиот автомобил, соопшти полицијата во вторникот. „65-годишниот маж беше запрен на граничниот премин Гуња со Босна и Херцеговина кон крајот на ноември, откако приложи патни исправи за себе и за друг патник“, беше наведено во полициското соопштение. Полицајците се посомневале откако забележале дека... Читать дальше...



Напаѓачот од Загреб откако убил седумгодишно дете и ранил пет други, пробал да се самоубие

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватската Влада донесе одлука утре да биде Ден на жалост поради трагедијата во Основното училиште Пречко во Загреб, при што е убиено седумгодишно дете, седум други се ранети од кои пет деца и двајца возрасни. Во Основното училиште Пречко во Загреб денеска 19-годишно момче со нож нападна учителка и неколку ученици. Од здобиените повреди почина едно дете, а пет деца кои се ранети се хоспитализирани.  „Нападот го извршил 19-годишен маж кој десет минути подоцна бил уапсен кога полицијата го спречила да се самоубие“... Читать дальше...

Полска револтирана од унгарската одлуката за азил за политичар обвинет за корупција

SlobodnaEvropa.mk 

Полска го повика унгарскиот амбасадор поради одлуката на Будимпешта да му даде политички азил на полски опозициски политичар кој се бара поради наводна корупција за време на неговиот мандат во претходната полска влада. Варшава беше огорчена од одлуката на Унгарија да му даде политички азил на опозиционерот Марчин Романовски. Одлуката, објавена од кабинетот на унгарскиот премиер на 19 декември, ја обвини полската влада за прогон на нејзините политички противници. Полска го нарече потегот „непријателски... Читать дальше...

Вучевиќ: Студентите што не протестираат имаат право да полагаат испити

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот премиер Милош Вучевиќ на 20 декември изјави дека студентите кои не протестираат на факултетите имаат право да полагаат испити и дека очекува деканите и професорите да ги разберат овие студенти. Вучевиќ се сретнал со, како што се вели во владиното соопштение, „легитимно и легално избраните студентски претставници на сите универзитети во Србија“. По средбата изјавил дека дека заклучил оти студентите се многу загрижени дали и како ќе заврши семестарот и како ќе биде организиран јануарскиот испитен рок. Читать дальше...

Обвинителството ги презентираше материјалните докази за убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

SlobodnaEvropa.mk 

Над 200 материјалните докази за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски презентираше обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска на рочиштето во Кривичниот суд на 20 декември. Дел од доказите биле траги од ДНК кои го поврзуваат еден од обвинетите со киднапирањето на девојчето.  Обвинети за двете убиства се Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој се товари за помагање. Тие на првото судско рочиште се изјаснија за невини. Читать дальше...

Обвинителството во БиХ истражува неколку луѓе од американската „црна листа“

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителството на Босна и Херцеговина истражува повеќе лица од американската црна листа, потврдија за Радио Слободна Европа од оваа судска институција на 20 декември. Тоа се случаите кои се формирани по ставањето на црната листа на одредени лица и функционери од страна на Владата на Соединетите Американски Држави. „Обвинителството во работењето на предметите соработува со партнерски институции во БиХ и во странство, а во предметите има повеќе лица кои се на списокот на ОФАЦ“, наведуваат во одговорот... Читать дальше...



Грузија вети измени во законот за странските агенти по меѓународниот притисок

SlobodnaEvropa.mk 

Грузиската влада вети дека ќе го смени својот контроверзен закон за „странски агенти“ по разговорите со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет.  Ќе биде формирана работна група во која ќе учествуваат грузиски претставници, Советот на Европа и Венецијанската комисија за да ги изготват неопходните промени во законодавството, најави Берсет на брифингот со новинарите во Тбилиси на 20 декември, завршувајќи ја тридневната посета. „Владата на Грузија вети дека ќе ја измени содржината... Читать дальше...

Орбан и Радев си честитаа за договорот за испорака на руски гас и покрај санкциите

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија ќе продолжи да обезбедува руски гас за Унгарија и покрај неодамна воведените американски санкции, кои го оневозможија плаќањето за испораките преку гасоводот „Турски тек“. Ова стана јасно од изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан и бугарскиот претседател Румен Радев, кои завчера се сретнаа во Софија. „Бугарија ќе продолжи да биде сигурен енергетски партнер и ќе придонесе за безбедноста на снабдувањето и диверзификацијата на нашите партнери од Централна Европа“,  изјави Радев. ... Читать дальше...

Од 1 јануари задолжително регистарски таблички со ознака НМК

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31 декември 2024 година.   „Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите... Читать дальше...

ЕК предложи делумна суспензија на Договорот за визна либерализација со Грузија

SlobodnaEvropa.mk 

Европската Комисија предложи суспензија на дел од Договорот за олеснување на визниот режим меѓу ЕУ и Грузија, со што би се укинал безвисниот режим за влез во Унијата за грузиските дипломати, службеници и нивните семејства кои поседуваат дипломатски и службени пасоши,  Доколку предлогот на ЕК биде одобрен, носителите на грузиски дипломатски и службени пасоши ќе мора да аплицираат за добивање виза за патување во ЕУ за краток престој до 90 дена.   Со суспензијата, грузиските иматели на дипломатски... Читать дальше...

Санацијата на главниот цевковод треба да заврши за помалку од 15 часа

SlobodnaEvropa.mk 

Од утре (21 декември) рано наутро ќе почне акцијата за санација на главниот цевковод во Скопје. На терен на предвидените локации ќе работат Секторите ЕОК, Механизација и Водовод. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод, соопшти денеска  ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.  Оттаму посочуваат дека согласно Оперативниот план за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод... Читать дальше...

Водоводните цевки од пред 60 години поздрави од поновите кои рѓосуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Рѓосани шахти, оштетени надземни цевководи и нецелосна заштита од 'рѓа, се дел од забелешките на машинските инженери кои работеа на студијата за главните цевководи во Скопје, во која имаше увид Радио Слободна Европа. Експерти предупредуваат дека откако ќе се санираат дефектите викендов, може да има нови поради силниот пристисок на водата по повторното вклучување.

САД се соочуваат со можно затворање на владата, отфрлен планот на Трамп за трошење

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Соединетите Држави е на еден ден од останување без пари додека Конгресот се обидува да донесе краткорочен план за финансирање. Претставничкиот дом во четвртокот вечерта не успеа да го усвои ревидираниот план за трошење предложен од републиканците за да се избегне затворање на владата. За усвојување беше потребно двотретинско мнозинство во Претставничкиот дом, но тој услов не беше исполнет. Дури 38 републиканци гласаа против, заедно со повеќето демократи. Новоизбраниот претседател Доналд... Читать дальше...

Едно дете загинало во напад со нож во училиште во Загреб

SlobodnaEvropa.mk 

Едно дете загинало во напад кој најверојатно бил извршен од 15 - годишник во основно училиште во Загреб. Засега нема потврда од полицијата за таа информација. Медиумот се повикува од свои извори во загребска болница. Според ХРТ, напаѓачот влегот во училиштето со нож и почнал да напаѓа деца од прво одделение. Засега не се знае дали жртвата и повредените се од тоа одделение или има и од други. Премиерот Андреј Пленковиќ претпладнево изјави дека на местото на инцидентот има министри и изрази жалење до семејствата на повредените деца.

За петардите, само прекршочна одговорност за Дрин Ахмети

SlobodnaEvropa.mk 

Дрин Ахмети нема да одговара кривично за превезувањето на пиротехничките средства. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека против него ќе биде поведена прекшочна постапка. Оттаму појаснуваат дека тој со себе носел седум петарди и 15 кутии со ракети за огномет, а за таква количина не се налага кривична одговорност, туку поведување на прекршочна постапка. „Предметниот пиротехнички материјал кој бил пронајден и одземен не е од поголемо количество кое може да иницира кривичен прогон и евентуална кривична одговорност... Читать дальше...

Вработените во ЈП „Улици и патишта“ бараат исплата на плата и К-15

SlobodnaEvropa.mk 

Вработени во Јавното претпријатие „Улици и патишта“, денеска протестираат поради неисплатена плата и К-15. Протестот се одржува пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, а е организиран е од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија,  КСОМ. На оградата пред бараките на Град Скопје се поставени транспаренти на кои пишува „Бараме плата и К-15“ и „Сметката да се одблокира“. Тие упатија порака до градоначалничката Данела... Читать дальше...

Ѓилас вели дека бил нападнат од активисти на Српската напредна партија, СНС го тврди спротивното

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската Партија за слобода и правда (ССП) на социјалните мрежи објави дека лидерот на таа партија Драган Ѓилас и нејзиниот член Ѓорѓе Алексиќ биле физички нападнати во Белград. ССП тврди дека Ѓилас и Алексиќ биле нападнати од активисти на владејачката Српска напредна партија (СНС). Од друга страна, СНС го тврдат спротивното - дека Ѓилас ги нападнал нивните активисти. Според ССП, Ѓилас и Алексиќ биле нападнати по полноќ на 20 декември во населбата каде што живее Ѓилас, кога се приближиле до група мажи кои лепеле навредливи плакати. Читать дальше...

Санкции од САД за правни лица, бродови и поединци вклучени во транспорт на иранска нафта

SlobodnaEvropa.mk 

САД најавија санкции против правни лица, бродови и поединци вклучени во транспортот на иранска нафта или помагањето за финансирање на Хутите во Јемен, поддржани од Иран, јави ДПА. Целта на санкциите е да го спречат Иран да ги финансира  нивните „малигни активности“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Стејт департментот воведе санкции за четири субјекти кои превезувале иранска нафта и идентификувале шест бродови како нивна сопственост. „Додека Иран ги пренасочува своите енергетски... Читать дальше...

Најитните болнички интервенции непречено ќе се реализираат во сабота

SlobodnaEvropa.mk 

По најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечер (20 декември) во поголем дел од градот, од Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ информираат за МИА дека најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено. Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева вели дека во соработка со Службата за општи и заеднички работи при клиниките, во тек се... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Не слабо: чем интересны соперники сборной в первой половине 2025 года


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Даниил Медведев вышел в полуфинал турнира ATP-250 в Марселе


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

"Готовьте обезболы": Вильфанд назвал дату аномального погодного срыва в Центральной России





Путин в России и мире
Москва

Песков назвал разговор Путина и Трампа мощным сигналом к диалогу о мире


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

NYT: Высокопоставленный чиновник США впервые за 5 лет посетил Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Зеленский размечтался: говорит, Киев якобы «сможет вернуть» Крым и «другие потерянные территории» дипломатическим путём


Навальный в России и мире
Москва

Послы Евросоюза, Британии и США возложили цветы на могилу Алексея Навального в Москве



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Сергей Брановицкий

Менеджер Песни. Менеджер Релиза Песни. Менеджер вышедшей песни.



Москва

Цивилева раскрыла план действий по устранению нехватки протезистов.

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net